ФИФА и официјално го соопшти терминот од кога ќе се одржи Светското клупско првенство во Катар, од 11 до 21 декември.

Ова воедно ќе биде генерална проба пред Мундијалот кој оваа држава ќе го организира во 2022 година.

Според правилата на ФИФА, на СП во фудбал учествуваат шесте шампиони од конфедерацијата, како и првакот од земјата домаќин. Европа ќе ја претставува Ливерпул, кој натпреварувањето традиционално ќе го започне од полуфиналето, како и освојувачот на Копа Либертадорес.

За сега, освен Ливерпул познато е дека во Катар ќе настапи и туниски Есперанс (КАН), Монтереј од Мексико (КОНКАКАФ), Јанген спорт од Нова Каледонија (Океанија), но и шампионите на Јужна Америка и Азија кои се уште не се познати.

Не е познато на кои стадиони ќе се играат натпреварите, нивните термини, како и цените на влезниците.