Светската фудбалска федерација веќе направи план како да се доиграат откажаните репрезентативни мечеви поради пандемијата со коронавирус, но и претстојните во есенскиот дел.

ФИФА има предлог сето тоа да се одигра во еден месец, односно во тој период нашата репрезентацја треба да одигра вкупно осум меча. Терминот на овие мечеви би бил ноември-декември.

Поради пандемијата, Македонија не ги одигра мечевите од баражот за пласман на Евро 2020 со Косово во Скопје, кој двапати беше одложуван, прво во март, па во јуни, а од септември до ноември треба да започне втората сезона од Лигата на нации во Ц-дивизијата.