ФИФА и дозволи на фудбалската федерација на Холандија во следниот период на натреварувањата под нејзина ингеренција да експериментира со пет нови правила.

Одлуката е донесена  на состанокот меѓу претставниците на ФИФА и ФФ на Холандија во Амстердам.

Новите правила кои ќе се тестираат на натпреварите во Холандија се:

Изведување на аут со нога

Додавање на самиот себе од слободен удар

Исклучување на фудбалери на неколку минути

Неограничен број на замени

Ќе се стопира времето кога играта ќе биде во прекин

Секако овој експеримент нема да биде применет во Првата лига, за почеток тоа ќе се случи на натпреварите во младинските категории.