Косово не успеа, натпреварот од Купот на Србија меѓу Трепча и Црвена Звезда ќе се одигра во Косовска Митровица на 9. октомври од 14 часот.

Фудбалската федерација на Косово се обратила на УЕФА и ФИФА со барање да забрани одигрување на натпревар на клуб од друга земја на нивната територија, но добиле негативен одговор.

„Сакам да им се заблагодарам на ФИФА и УЕФА што го поддржаа одигрувањето на овој натпревар на Косово. Очекуваме полн стадион, добра игра и коректно однесување, како на трибините така и на теренот“ – изјави за официјалниот сајт на Црвена Звезда генералниот директор на клубот, Звездан Терзиќ.