Откако швајцарското обвинителство отвори истрага за работата на Џани Инфантино како претседател на ФИФА, од светската куќа на фудбалот излегоа со соопштение со кое му даваат поддршка на нивниот прв прв човек.

„Претседателот на ФИФА ќе продолжи со својата работа и обврси во полн ритам, ФИФА ќе соработува со судските власти во Швајцарија. Нема никаква причина да се отвора истрага, но ние ќе ги почитуваме тамошните одлуки.“ – велат од ФИФА.

Според последните информации, Инфантино е под истрага поради неговата соработка и разговори со и можен криминал со генералниот обвинител на Швајцарија, Мајкл Лобер. Сомнителните настани се случиле во 2016 и во 2017 година.