ФИФА на својот официјален сајт соопшти дека ги промени правилата за позајмиците меѓу клубовите, кои се посебно популарни во зимскиот преоден рок.

Правилото за ограничување на позајмиците ќе профункционира од јули оваа година.

Во сезона 2020/21 ќе бидат дозволени вкупно 8 меѓународни позајмици за еден клуб, сметајќи на дадени и земени позајмици. Веќе во сезона 2022/23 бројот на позајмици ќе падне на вкупно 6. Притоа, меѓу два клуба ќе бидат дозволени максимум три позајмици, дадени/земени.

За националните првенства на членките на ФИФА ќе се одредат три години за да се имплементира ова правило.