Светската фудбалска федерација ФИФА најави построги казни во борбата против расизмот. Новиот Дисциплински правилник ќе почне да се употребува од понеделник 15. јули.

Новата верзија е во договор со шесте конфедерации. Промените следуваат по низата на инциденти на натпреварите од националните првенства минатата сезона.

Нулта толеранција е најновата промена во борбата против расизмот во кој било облик на дискриминација.

На списокот на казни се играње без домашна публика, играње на неутрален терен, одземање на бодови, а можно е и исфрлување во понизок ранг на натпреварување.

Минималната казна за фудбалерите ќе биде зголемена од пет на десет натпревари ,а на жртвите на расизам ќе им биде дозволено да бидат дел од истрагата и да можат да сведочат.