Светската фудбалска федерација и се обрати на Кралската шпанска фудбалска федерација со барање да се изменат правилата за трансфер надвор од преодниот рок.

Како што е познато, Ла Лига дозволува еден трансфер надвор од преодниот рок, ако причината за тоа е повреда на играч, кој ќе има повеќемесечна пауза.

Токму ова правило го искористи Барселона и го доведе Мартин Брајтвајт, како замена за повредените Дембеле и Суарез. Но, со тоа му се направи голема штета на Леганес, кој грчевито се бори за опстанок и кому не му беше дозволено да ангажира друг фудбалер.

ФИФА бара суспензија на ова правило.

Сепак, ФИФА ова го бараше и во 2016 година, но Ла Лига одби да го промени и тоа остана во сила до денес..