Светската куќа на фудбалот, потврди дека Македонија во квалификациите за Мундијалот во Катар ќе биде сместена во четвртиот „шешир“ при ждрепката за следниот собир во квалификациите на најдобрите во светот.

Македонската фудбалска репрезентација е сместена заедно со селекциите на Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург кои нема да ни бидат противници во квалификациите.

Според ФИФА ранг-листата во првиот „шешир“ се селекциите на Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Хрватска, Данска, Германија и Холандија.

Ждрепката за квалификациите за следниот Мундијал е закажана за почетокот на декември.