Светската фудбалска асоцијација ФИФА со ригорозни мерки и закани се обудува да ги спречи големите и богати клубови сами да формираат Европска Супер Лига, откако се заканија дека сите фудбалерите кои ќе бидат регистрирани во ова натпреварување ќе добијат забрана за учество на Светските првенства во иднина.

По најавата дека европските фудбалски гиганти се подготвени да формираат ново натпреварување „Европска Супер Лига“ и со тоа да се зголемат приходите од ТВ-права и макретинг, пристигна закана од ФИФА.

„По повод неодамнешните шпекулации во медиумите за формирање на затворена Европска Супер Лига од некои европски клубови, ФИФА и шестте конфедерации уште еднаш сакаат да потенцираат дека се строго против ваквото натпреварување. На секој клуб или фудбалер кој ќе биде дел од едно такво натпреварување нема да му биде дозволено да настапува на било кое натпреварување организирано од ФИФА или нејзините конфедерации. Универзалните принципи на спортските заслуги, солидарноста, влегувањето и испаѓањето се темелот на фудбалската пирамида што обезбедува глобален успех на фудбалот и како такви се запишани во статутите на ФИФА и конфедерациите. Фудбалот има долга и успешна историја благодарение на овие принципи. Учеството во глобалните и континенталните натпреварувања секогаш треба да се заслужи на теренот.“- се вели во соопштението на ФИФА