Фудбалскиот сојуз на Италија и Серија А се договорија за нов здравствен протокол, кој веднаш ќе биде доставен до Италијанската Влада.

Тренинзите на тимовите требаше да продолжат во понеделник, сè додека клубовите не се повлекоа од првичниот протокол, бидејќи тоа бараше од нив да одат во карантински камп две седмици, доколку некој од нив е позитивен на Коронавирус.

„Утрово се одржа состанок, помеѓу ФИГЦ, Лега Серија А, претседател на ФМСИ (Федерација на италијански медицински лица) Маурицио Казаско и претставник на докторите од Серија А. Точките на протоколот кои беа тешки за спроведување беа анализирани, а некои додатоци се изработени конструктивно за решавање на објективните проблеми“- се вели во соопштението.

Во новиот протокол се бара да нема групна изолација и покрај позитивен случај во екипата.