Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ)  размислува за одложување на натпреварите од калчото до 31 мај и потоа разврска во шампионатот со плеј-оф за титулата и плеј-аут за опстанок.

Коронавирусот го покоси калчото, засега е во прекин до 3 април, се чини дека паузата ќе продолжи до крајот на месец мај.

Денеска на состанок меѓу ФИГЦ и Олимпскиот комитет на Италија, се разговарало за опциите со кои може да се спаси сезоната.

Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина смета дека паузата во калчото ќе трае до крајот на мај, па понудил одигрување на плеј-оф за титулата и плеј-аут за опстанок во лигата.

Ваквата разврска ќе значи и доволно време за подготовки на националната репрезентација на Италија пред настапот на ЕУРО 2020.