Италјанскиот фудбал и дефинитивно се враќа во петок со мечот меѓу Јувентус и Милан од полуфиналето на Копа Италија.

Овој меч ќе се одигра од 9 часот по средно европско време, но Фудбалската федерација на Италија направи измена во последен момент.

Имено, доколку натпреварот заврши идентично како и првиот, односно 1-1, место продолженија веднаш ќе се шутираат пенали по што ќе биде познат финалистот.

Ист ваков случај ќе биде и на вториот полуфинален меч меѓу Интер и Наполи, а наполитанците патуваат со минимална предност од 1-0 по првиот меч.

Причина за ова е што федерацијата ФИГЦ и Лега Калчо е фактот да не се оптоваруваат дополнително фудбалерите уште на стартот.