Работата со деца и младинци е предизвик за секој спортски тренер, психолог и личност која вистински се радува на успехот на најмладите, оние кои секојдневно сонуваат за голем резулат, достигнување на светска слава и планетарна популарност.

Од утре на теренот „Млади Лавови“ во населбата Ѓорче Петров ќе започне новата сезона во „Голманска Академија Ивановиќ“ во која работат, двајца лиценцирани тренери, Филип Ивановиќ и Виктор Ивановиќ.

Подготовките се во тек а деновиве се креираше програмата според која ќе работат сите членови на оваа Академија.

„Интересот е се поголем во ова време во кое владее интернет-манијата а тие имаат прилика полесно да ги имитират своите идоли и на некој начин да бидат се поблиску до нивните сонови. Најголем предизвик е да ги оствариме детските сонови кои се надеваме дека ќе станат реалност“ – изјави за Дриблинг.мк Филип Ивановиќ.

Мирза Ѓураковиќ кој беше член на „Голманска Академијата Ивановиќ“ оваа година се пресели во Португалија каде ќе брани за второлигашот Маринхензе.

„Програмата за работа се состои од изучување на голманска техника (голмански став, пад на странична топка ,полувисока и слично). Едно дете е доволно да дојде од 2 до 3 пати неделно Тренинзите се прават индивидуално со почетниците за да им се укаже подобро на слабостите ,а потоа се приклучува во група со не повеќе од 3 голмани.“ – додава Ивановиќ.

Оние кои сакаат да бидат дел од „Голманска Академија Ивановиќ“ првичниот разговор за аплицирање можат да го направат најлесно преку нивната ФБ страна, голмани.мк или преку Инстаграм.