Одлуката за тоа дали ќе има или ќе нема шампион во ПМФЛ за оваа сезона сеуште не е донесена.. Ова го потврди генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски во изјава за емисијата „И што сега“ на МТВ 1.

„ФФМ до овој момент нема донесено одлука дали фудбалското првенство на Македонија ќе има шампион за сезоната 2019/2020. Не знам од каде информациите за некаков конечен став. За ова допрва ќе решава надлежното тело, а 30 јуни е рокот во кој ФФМ може да ја испрати во УЕФА листата учесници во еврокуповите.” – вели Поповски.

Според ова допрва ќе се анализира ситуацијата со сезоната во домашниот фудбал, во однос на тоа дали ФК Вардар ќе биде прогласен за првак.