Голема е веројатноста сите спортски натпревари кои треба да се одиграат викендов, како и пливачкиот маратон, да бидат откажани поради коронавирусот кој се појави во Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска информираше дека по добиената препорака од Комисијата за заразни болести, во 11 часот ќе се одржи владина седница на која треба да се одлучи дали ќе се прифати предлогот за огранување на масовни јавни собири како превенција на ширење на коронавирусот.

„Нашиот предлог ќе биде да се забранат сите масовни јавни собири без разлика дали се на затворено или на отворено. Во затворен простор ризикот од пренесување на инфекцијата е поголем, но истото важи и на отворено ако дистанцата помеѓу луѓето е мала. Сметам дека треба да се откажат сите големи јавни собири, вклучително и спортските натпревари. Тоа е целта на дискусијата на седницата на Владата. Ќе излеземе со информација“ – нагласи Филипче.

Викендов покрај натпреварите од домашните клупски првенства, закажан е и дуелот на РК Вардар и Монпелје во Лигата на шампионите на ЕХФ.