Министерот за здравство на Република Северна Македонија, Венко Филипче ги потврди стравувањата дека натпреварот со Косово во Скопје од Лигата на нации на 26 март можно е да се игра без публика.

„Сите спортски натпревари, вклучително и Македонија-Косово, според мене треба да се играат без публика. Да бидеме внимателни, очекуваме на меѓународни натпревари да има гости од странство. Оваа забрана (за масовни јавни собири) ќе препорачаме да трае уште една недела, до 13-ти, но во зависност од ситуацијата можно е да донесеме друга одлука.“ – изјави  Венко Филипче.

Во викендот кој следи, сите спортски натпревари ќе се играат без публика.