Министерот за здраство на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција најави дека многу брзо мерките околу Коронавирусот ќе се намалат, откако драстично е намален бројот на новозаразени.

Со одлуката за олабавување на мерките, се дозволуваат тренинзи во иднивидуалните спортови, додека пак во колективните тоа ќе се случи следната недела. Ова значи дека во наредните неколку седмици спортот во Македонија, веројатно ќе продолжи, а исто така ќе бидат отворени и спортските обложувалници.

„Намалувањето на мерките е врз основа на повеќе критериуми кои во предвид ги зема и СЗО. Три од нив се клучни – прво дали епидемијата е ставена под контрола, дали здравствениот систем е во состојба да се справи и да ги изменаџира и бројот на пациенти сега, но и дали може да се справи со повторно појавување голем број случаи и дали системот за надзор на јавното здрвство може да ги открие и да управува со случаите и нивните контакти и да индентификува евентуално појава на нови случаи. Сите овие критериумис е исполнети. Состојбата во земјата е оцената како стабилна“– рече Филипче.