Бразилскиот репрезентативен бек Филипе Луис ги прифати условите од Фламенго и таму ќе ја продолжи кариерата.
Тој во Бразил се враќа како слободен агент откако од Атлетико Мадрид не доби нов договор и му беше дозволено да си замине.
„Од дете навивав за Фламенго. Ова беше една од најсложение одлуки кои сум ги донел“ – изјави Луис кој сакаше да остане во Атлетико но не доби нова шанса.
За денеска е закажана и прескоференција на која 33 годишниот дефанзивец ќе ја потврди оваа одлука а преселбата во Бразил ќе се случи утре.
Be the first to write a comment.