Тренерот на Беневенто, Филипо Инзаги очекува неговите фудбалери да се покажат во добро светло против Рома во неделната пресметка од 4 коло во Серија А.

По триумфот над Болоња од 1:0 во минатото коло, Инзаги посакува нов позитивен резултат и покрај тоа што Виола и Монцини нема да бидат во составот поради повреда.

„Задоволни сме од тоа како функционираме во моментов како тим. Знаеме дека ќе пристигна комплицирани моменти, но мирен сум. Многу се зборува за поразот од Интер од 5:2, но јас искрено во моментов размислувам само за следниот натпревар, се надевам дека во Рома не се во полна форма.“ – изјави Инзаги.

Кај Рома пак недостигнаат Заниоло, Смолинг и Диавара, Пасторе е неизвесен за настап.