УЕФА размислува да го пресели финалето на ЕУРО 2020 од Лондон во Будимпешта. Како што јавува „Тајмс“ Англија, поради епидемиолошката состојба, не може да гарантира голем капацитет на стадионот.

Спротивно на ова Будимпешта ветува дека ќе ги пополни трибините за 100 проценти.

Британскиот премиер Борис Џонсон добил известувања од УЕФА за можно преместување. За потсетување, поради успешната вакцинација во Унгарија, арената „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта за време на мечот Унгарија – Португалија беше исполнета со 61 илјади навивачи.

Унгарија беше првата европска земја која започна да ги вакцинира граѓаните со разни вакцини. До почетокот на еврото, околу 5,3 милиони од населението од 9,8 милиони се вакцинирани.

Последниот натпревар на ЕВРО 2020 треба да се одржи на 11 јули 2021 година во Лондон на стадионот „Вембли“.