Одигрувањето на финалето на Лигата на шампиони во Истанбул на 29 мај се повеќе е под знак прашалник, па веќе извесно време се разгледува друго решение.

Британската влада воведе огранувања кои се однесуваат на заминување на нејзините државјани во Турција каде коронавирусот не стивнува. Со оглед на фактот дека за трофејот ќе се борат две екипи од Островото се повеќе се пишува дека финалето ќе се одигра токму таму.

Главен кандидат е најголемиот англиски стадион Вембли кој би можел да угости 22.500 гледачи. Како можно решение биле споменати и други стадиони, но УЕФА тие предлози ги одбила.

Вембли и натаму е прв фаворит, доколку се донесе дефинитивна одлука дека финалето нема да се одигра во Истанбул.

Доколку ова се случи УЕФА ќе побара од Челси и Манчестер Сити да се откажат од заработката за учество во финалето и со тој износ во висина од 22.500.000 евра да се покријат трошоците кон турските власти кои вложиле во организација на натпреварот.

Конечната одлука се очекува во наредните денови.