Европската фудбалска федерација потврди дека финалето на УЕФА Лига на шампиони во футсал ќе се одигра во арената „Крешимир Ќошиќ“ во Задар, Хрватска..

Како што се наведува во соопштението на УЕФА, терминот и распоредот на наттпреварите остануваат непроменети.

Од УЕФА објаснуваат дека до промена на локација дошло по барање на хрватските здравствени власти кои ќе ја користат арената во Загреб, каде првично беше планирано да се одржи финалето.