Сицилијанскиот клуб Палермо на Илија Нестровски и Александар Трајковски ќе  биде  префрлен во Серија Д поради одбиени финансиски гаранции од страна на ФФ на Италија.

Палермо се соочува со враќање во Серија Д доколку не го убеди судот дека е во стабилна финасиска ситуација  и дека нема малверзации. Засега одлуката е да се врати во Серија Д, Илија Нестровски и Александар Трајковски бараат нови клубови бидејќи иднината кај Палермо им е неизвесна.