Италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина официјално го промовираше Кевин-Принс Боатенг како нов фудбалер откако играчот дојде од редовите на Сасуоло.

Боатенг беше на позајмица во Барселона каде што одигра само четири официјални натпревари во вториот дел од минатата сезона.

Играчот своевремено настапуваше уште за Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан, Шалке, Лас Палмас и Ајнтрахт Франкфурт.

Со „росонерите“ успеа по еднаш да ги освои трофеите во Серија А и Суперкупот на Италија, потоа германскиот куп со Ајнтрахт, како и шампион со Барса во „Ла Лига“.

Клубот плати еден милион евра за неговите услуги, а со „виолетовите“ потпиша договор на две години.