Фиорентина во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе Андреа Белоти од редовите на Торино. Капитенот не е задоволен од амбициите на Торино и сака да го напушти тимот.

Италјанецот има клаузула од 100 милиони евра за клубовите надвор од Италија, а неговот договор со Торино важи до 2022 година.

Белоти во „виолетовите“ треба да биде замена за Киеза кој на лето многу веројатно ќе го напушти „Артемио Франки“.

Белоти годинава постигна 15.голови на 31 натпревар, а притоа запиша уште три асистенции.