Управата на Фиорентина нема ништо против да го продаде Душан Влаховиќ ова лето, но за ова да се случи неговиот иден клуб ќе мора да им исплати на „Виолетовите“ 60 милиони евра.

Според последните информации од Италија, интерес за репрезентативецот на Србија има од повеќе клубови од Шпанија, Англија, Италија и од Германија.

Милан и Рома во последните неколку недели се поврзуваат со ангажман на Влаховиќ а вбо целата приказна е вклучена и Барселона, Борусија Дортмунд, Тотенхем и Евертон.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до јуни 2023 година, оваа сезона постигна 17 голови на 32 натпревари во Серија А.