Фиорентина со понуда за Јосип Брекало од Волфсбург, крилниот напаѓач е желба на клубот од Фиренца.

Италијаните нудат 20 милиони евра, Волфсбург бара 25, разликата засега е мала и преговорите се во тек.

Хрватот Брекало е во Германија од 2016 година, беше позајмен на Штутгарт, сега е желба на Фиорентина.

Брекало минатата сезона во сите натпреварувања за Волфсбург настапи на 40 натпревари, постигна 7 голлви на што придодаде и седум асистенции.