Фиорентина, во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе Раџа Наиголан на позајмица со обврска на откупување на неговиот договор од 20 милиони евра.

Фиорентина беше блиску до потпис со Белгиецот минатото лето, но 31-годишниот играч се реши да се врати во Каљари.Сепак, тимот од Сардинија веројатно нема да може да си дозволат постојан договор за „Нинџа“, а тоа е шанса за Фиорентина да го доведе во своите редови.

Тој сеуше е под договор со Интер, кои немаат намера да го вратат на „Џузепе Меаца“. Наинголан сезонава за Каљари постигна пет гола и запиша шест асистенции на 24 натпревари во Серија А.