Фиорентина носи големо засилување во јануарскиот преоден рок. Нов играч на клубот од Фиренца ќе биде Жонатан Иконе, 23 годишниот фудбале кој минатата сезона со Лил ја освои титулата во Лига 1.

Медиумите во Италија и Франција, тврдат дека Фиорентина и Лил го договориле трансферот. „Виола“ за Иконе ќе плати 15.000.000 евра.

Иконе кариерата ја започна во младинскиот тим на ПСЖ, поради жестоката конкуренција го напушти Париз пред две години и се пресели во Лил.

Иконе треба да биде наследник на ветеранот Хосе Каљехон.

Оваа сезона постигнал еден гол и забележал една асистенција. Пред две години го забележа дебито за француската репрезентација.