Италијанска Фиорентина планира да го засили средниот ред со плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Фред пренесуваат медиумите од Англија.

„Виолетовите“ сакаат да го донесат Фред на позајмица од една година во која во целост ќе ја покриваат платата на играчот кој на стартот од новата сезона повторно не добива шанса во првиот тим на Солскјер.

Постои можност во договорот кој го нуди Фиорентина да биде вметната и откупна клаузила од 30 милиони евра.