По заздравувањето на Пезела, Кутроне и Влаховиќ од Коронавирусот, тимот на Фиорентина се соочува со нови проблеми од КОВИД-19.

Екипите во Серија А полека се подготвуваат да им се вратат на тренинзите по два месеци пауза и денеска беа извршени тестови на дел од персоналот и играчите на „виолетовите“ по што е утврдено дека позитивни на КОВИД-19 се тројца фудбалери и тројца од техничко-здраствениот персонал.

Сите тие ќе бидат подложени на самоизолација и ќе се следи нивната состојба која во моментот е добра, додека преостанатиот дел на фудбалери и лица во клубот ќе бидат тестирани утре. Засега не се објавени имињата на фудбалерите кои се заразени од Коронавирсот.