Фудбалскиот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп денеска изјави дека играчот на неговиот тим Роберто Фирмино ќе отсуствува од терените во наредниот период поради повреда на тетивата.

„Не знаеме точно колку долго ќе биде надвор од теренот, но нема да се врати веднаш по репрезентативната пауза“, изјави Клоп

Бразилскиот фудбалер се повреди во средата на натпреварот од четвртото коло од групата Б од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (2:0) и со таа победа англискиот клуб обезбеди пласман во осминафиналето на натпреварувањето.

30-годишниот Фирмино оваа сезона постигна шест гола за Ливерпул на 11 натпревари.

Следниот натпревар во Премиер лигата Ливерпул го игра на гости кај Вест Хем, в недела.