Ситуацијата во која се наоѓа цела Италија но и светот е деликатна а оние со хронични заболувања и опаднат имунитет се во најголема опасност од Коронавирусот.

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е во загрозената група на лица по низата терапии кои ги примимаше во последните шесет месеци поради откриената Леукемија.

Фитнес тренерот на Болоња, Масимилиано Марчеси во изјава за медиумите од Италија потврди дека Михајловиќ е во Рим.

„Михајловиќ? Тој е воин, Сега е во Рим, ги следи сире препораки од лекарите поради очигледна причина и важно е што не е инфициран со Ковид-19. Ние моравме да инсистираме и да тргнеме од тука.“ – изјави Марчеси.