Борец и Работнички денеска ремизираа 1:1 во воведниот натпревар од седмото коло во ПМФЛ а неколку часа по мечот со соопштение се огласи екипата од Велес.

Од Борец обвинуваат дека седми натпревар по ред се случува судиска неправда а последен пример за тоа е денешната одлука, да не им биде досуден пенал за нив.

„Одличен првенствен натпревар со убави голови и добри потези и на двете страни. Нашиот Клуб иако губеше,со прекрасниот гол на Ѓоргиев се врати во натпреварот и создаде многу шанси,имаше поголема иницијатива и посед на топка и имаше пенал кој според судиите било судиско убедување…? Ова беше седмо коло во ПМФЛ и на секој натпревар можеме да кажеме дека има спорен момент на наша штета.

Во прво коло имаме недолично однесување од судија кон нашата клупа и нашите играчи и неколку спорни офсајд напади на наша штета,

Второ коло црвен картон и безпотребни жолти картони за обични фаули на центар или во противничка половина,

Трето коло повторно црвен картон за старт на центар кога играчот е свртен со грб,

Четврто коло повторно пенал (имало допир?),

Петто коло се плашевме да нападнеме противнички играч поради фактот дека секој допир е фаул или пенал (и тоа се случи,секој допир е суден фаул за противникот и старт за пенал кој на микроскопска анализа и снимка имало намера за допир?)

Шесто коло,повторно пенал оти имало допир со рака а на видеото и со микроскоп не се гледа удар со рака и згора на тоа примен трет гол од чиста офсајд позиција што јасно се гледа на видеото и ситуација на 0-0 досуден непостоечки офсајд кога нашиот играч е очи во очи со голманот и

Седмо коло ситуација за пенал во која проценете и сами?

Со ова не сакаме да се правдаме,едноставно сакаме,фудбалска и судиска дебата и сакаме подеднаков критериум на сите судии и на секој натпревар. Само така ќе имаме професионализам и фудбалски ќе успееме да го подигнеме нивото на Македонскиот фудбал.“ – соопштија од ФК Борец преку социјалната мрежа, Фејсбук.