ФК Пелистер имаше свој претставник на Собранието на ОФС Битола, Пеце Коруновски кој е спортски директор на клубот потврди дека бил присутен на денешниот состанок но без право на глас, како гостин заинтересиран за развојот на фудбалот во градот.

Коруновски за дриблинг.мк  потврди дека бил присутен на Собранието како гостин, седницата минала во најдобар ред и според прописите.

„Да, бев присутен на седницата, но како гостин и човек кој е зиантересиран за добра соработка меѓу ОФС Битола и ФФМ, се во интерес на фудбалот, за развој на фудбалот во Битола, седницата според она што го видов мина во најдобар ред и според прописите, важно е да соработуваме со фудбалската федерација во интерес на ФК Пелистер и неговиот развој“ – ни ијзави Коруновски.