ФК Пелистер е во незавидна финансиска ситуација, продажбата на акциите на клубот не се одвива според планираното, играчите ги бараат неисплатените плати, голем дел од фудбалерите си заминаа од Битола.

Битолчани имаат рок до 15 јули да регистрираат најмалку 12 професионални играчи кои во моментов ги немаат, им се заканува исфрлање од ПМФЛ.

Последните информации од ФК Пелистер се дека имаат само пет фудбалери под професионален договор, доколку за три дена немаат уште девет на листата или вкупно 12 играчи, тогаш им следува преселба во понизок ранг на натпреварување.