ФК Шкупи го одби тестирањето на Ковид-19 со помош на Синдикатот на фудбалери, не верувале во тестовите на Аџибадем Систина, ќе се тестираат но во државна болница.

Клубот од Чаир на својот сајт потврди дека веќе некои играчи извршиле тестирања и нема позитивни, сега ќе се тестираат останатите играчи.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека дел од нашите играчи беа на тестирање, сите се негативни, како клуб не сакаме да ни бидат извршени тестирања од болницата Аџибадем Систина, тие не се релевантна државна институција, затоа ФК Шкупи ќе изврши тестирања  во државни нституции“ – се вели во соопштението на ФК Шкупи.