Македонскиот фудбалски клуб Вардар денес во својата база во Хиподром и официјално ги стартуваше летните подготовки во пресрет на новата сезона.

Нашиот најтрофеен клуб кој е подмладен тргна со стратегот Александар Васоски, кој прво ги прозиваше дел од оние играчи на кои ќе смета на претстојната сезона.

Познато е дека ова лето вардарци не смеат да ангажираат нови имиња, па поради тоа во првиот тим се приклучија фудбалери од младинскиот погон.

На собирот го немаше Жуниор кој подоцна ќе се приклучи на тимот, ги немаше ни Битанг, Попов Фелипе и Коста Манев.

ФК Вардар до 17 јули ќе се подготвува во Скопје а потоа се оди во Словенија, поточно во Рогашка Слатина каде до 2 август ќе го одработи главниот дел од подготовките.

foto: sportmedia.mk