Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар повторно е оставен сам на себе, има долгови од 2 милиони евра, Градот Скопје нема пари да го сервисира долгот, во тренинг центарот нема струја веќе 10 дена, се ена „црвено“ во таборот на црвено-црните.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов потврди дека буџетот на градот не предвидел сервисирање на овој долг на Вардар од 2 милиони евра, то во емисија за ТВ21 изјави дека пари нема…

Комисијата на ФФМ за лиценцирање денеска ќе ги разгледува барањата на клубовите, Вардар поднесе барање но во него го нема клучната потврда, најважниот услов, финансии не е исполнет.

Вардар веројатно ќе добие три дена период за жалба, но дали ке најде 2 милиони евра е главното прашање.

Во меѓувреме, струјата е исклучена, плати нема, долговите се трупаат, никој не сака да го спаси Вардар.