Најтрофејниот фудбалски колектив од земјава, денеска го одбележува 72 роденден. ФК Вардар по славната 2017 година во која избори пласман во групната фаза од Лига Европа, оваа сезона нема право да биде дел од натпреварувањата под знакот на УЕФА.

Фудбалската вардарова приказна започнала во 1947 година со фузијата на Македонија и Победа. По ова тимот од Скопје реди низа успеси во поранешна Југославија а потоа доминира во македонското првенство по осамостојувањето на земјава.

Јубилејниот 70 роденден ФК Вардар го прослави со учеството во групната фаза од Лига Европа под водство на Самсоненко.

„Страниците на клупската историја и натаму продолжуваат да се испишуваат, на радост на секој Вардарец, на радост на секој Скопјанец. Сонуваме и се надевам дека еден ден ќе дојде и пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите, пласман со кој уште повеќе ќе се потполни успешната книга наречена „Вардар“.“ – соопштија од ФК Вардар.

Што ќе се случува во иднина со црвено-црното семејство останува енигма, но едно е јасно, ФК Вардар и натаму ќе биде еден од најсаканите клубови во земјава.

Среќен роденден ФК Вардар !