ФК Вардар остро реагираше наобјвата на фејсбук на Бобан Грнчаров, поранешниот  играч на најтрофејниот клуб обивни дека „еден човек е крив за се“ алудираше на Сергеј Самсоненко, но црвено-црните му одговорија.

Тој „човек“ е истиот кој ти исплати 420.000 евра, бевте претплатен еве Ви  кусо предавање на темата за која сте коментирале…

Соопштението на ФК Вардар го пренесуваме во целост:

Почитуван г-дин Бобан Грнчаров

Вие како фудбалер бевте дел од Вардар во период од 4 години. Вашата определба да бидете професионален спортист веруваме дека Ве отргнала од намерата да се едуцирате при што покажувате тотална неукост и познавање за  да коментирате теми поврзани со економија и финансиски менаџмент, раководењето на ФК Вардар или било кој друг спортски колектив. Во контекст на горенаведеното сте неинформирани и пласирате непроверени информации во јавноста. Но, секако, можевте да се консултирате пред да објавите небулозни податоци, а ние секако ќе Ви излезевме во пресрет со документација, која сега ние ќе ја презентираме, а, секако истата е јавно достапна и на увид на секој заинтересиран.

Кусо предавање на темата за која сте коментирале, а, е далечна за Вас. ФК Вардар во сезоната 2017/2018 оствари историски подвиг со пласманот во ЛЕ. Во таа сезона буџетот на клубот изнесуваше 5.3  милиони евра. Приходите остварени по сите основи вклучувајчи ја и УЕФА изнесуваа 3,6 милиони евра. Разликата која се јавува во тековната 2017 година, но и во сите останати години  е надополнета со лични средства од г-дин Самсоненко. Вие ги презентиравте само средствата кои се по основ на приходи, а, никаде не кажувате дека тој клуб има и расходи многу поголеми од влезните средства.  Да, точна Ви е констатацијата дека дел од тие средства завршија во РК Вардар како позајмица, но тие средства подоцна се вратени назад и тоа повторно од г-дин Самсоненко, за што постои документција која може да го поткрепи нашето излагање. Средствата кои Вие ги споменувате дека се дадени како позајмица на РК Вардар а како што наведовме предходно истите се вратени во ФК Вардар, помогнаа за освојување на 2 титули во Ракометната Лига на Шампиони, резултат кој можеби Ви пречи на Вас но тој успех преставува огромна  радост за цела Македонија.  

Лично Вие г-дин Грнчаров за Вашиот престој во клубот имате заработено 25.920.000 денари или 421.470 еур од ФК Вардар т.е. лично од г-дин Самсоненко. Иако според сите спортски работници Вие бевте преплатен. За време на Вашиот престој во клубот бевте капитен со сета одговорност која произлегува од  таа функција, но Вие сте и добро познат на целокупната спортска јавност како играч кој постојано правеше раздор, проблеми и нечесни игри во клубот и надвор од него. За жал и по Вашето заминување во спортска пензија, во континуитет продолжувате во ист стил да „роварите“ во клубот кој Ве порасна како фудбалер, и каде ја завршивте Вашата кариера. Единствена разлика е што сега тоа го правите преку вашиот спортски портал и користејќи ги социјалните мрежи …

Жално и срамно !!!

Спортски Поздрав

Администрација на ФК Вардар