Тренерот на Баерн, Ханси Флик во саботата за германската телевизија Скај изјави дека на крајот на сезоната сака да го раскине договорот и да ја напушти клупата на Баерн.

Откако Баерн славеше со 3-2 на гостувањето кај Волфсбург и ја врати предноста од седум бода во однос на второпласираниот РБ Лајпциг на пет кола пред крајот на германскиот шампионат, Флик изјави дека им ја соопштил својата одлука на водечките луѓе на Баерн во средината на оваа недела и го рече истото на крајот од саботниот натпревар.
Флик не сакаше детално да објасни дали оваа одлука е поврзана со влошувањето на неговите односи со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ во последните месеци и не сакаше да потврди дека неговата цел е да седне на клупата на германската репрезентација, што ќе ја напушти Јоаким Лев по годинешниот евро собир.

Поранешниот асистент на Лев  го презеде Баерн во ноември 2019 година, откако Нико Ковач ја напушти клупата и ги освои сите трофеи што можеше минатата сезона. Оваа сезона, Баерн, како бранител на титулата европски шампион, испадна во четврт-финалето во Лигата на шампионите од минатогодишниот финалист на францускиот ПСЖ и може да ја освои само титулата во Германија  31-ви пат во историјата и деветта сезона по ред.