Фудбалерите на Баерн Минхен утре на „Паркот на принцовите“ во Париз ќе се обидат да ја анулираат негативата од 2:3 по поразот на домашен терен од ПСЖ во воведниот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Без Левандовски и уште неколкумина стандардни првотимци, „баварците“ се надеваат дека ќе успеат да се пласираат во полуфиналето.

„Имавме многу шанси на првиот натпревар, но не ги искористивме. Мора да бидеме подобри, Знаеме дека нема да биде лоесно, но ќе дадеме се од себе. Знаеме дека мора да постигнеме најмалку два гола, ќе биде напорна работа, но за вакви натпревари се игра фудбалот. Сакаме да направиме мало чудо во Париз, ќе бидам пресреќен ако успееме во таа намера.“ – изјави тренерот на Баерн Минхен, Ханс Флик.