Акутелниот тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик потврди дека преговарал со Фудбалската федерација на Германија, околу можноста да го преземе А тимот по завршувањето на ЕУРО 2020.

Флик на крајот од оваа сезона го напушта Баерн Минхен, каде ќе пристигне Нагелсман, досегашниот тренер на Лајпциг.

„Веќе имаше преговори со Оливер Бироф. Тоа беше долг разговор, да се биде селектор на Германија е нешто посебно.“ – вели Флик.

Актуелниот селектор на германија, Јоаким Лев потврди дека за заминува од позицијата по настапот на ЕП.