Како што пишува O Globo, сите фудбалери, тренери и функционери на Фламенго ќе одат на тестови за присуство на Коронавирус. Причината е позитивниот тест најден кај потпретседателот на клубот Маурисио Гомес де Матус.

Но не стравуваат само луѓето од Фламенго. Неодамна Де Матус, заедно со претседателот на Фламенго, Родолф Ландим, беа во Европа, каде меѓу другото ја посетија и тренинг-базата на Реал. Исто така, тие имале и лична средба со претседателот на Реал, Флорентино Перес.

Де Матус бил со екипата и во Колумбија, за време на првото коло на Куп Либертадорес.