Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажал од идејата да го донесе Нејмар на „Сантијаго Бернабе“. Бразиелцот беше поврзуван со транфер во Реал Мадрид пред да премине од Сантош во Барселона но тогаш работите не излегоа според планот на „Кралевите“.

Шпанските медиуми тврдат дека Перез подготвува нова офанзива по потписот на Нејмар кој е видно незадовлен во ПСЖ и посакува што поскоро да се врати во Шпанија. Барселона минатото лето не успеа да го купи, па ова се отвори нова можност за Перез по втор пат во кариерата да се обиде да го убеди напаѓачот да го облече белиот кралскиот дрес.

Јасно е дека ниту Реал Мадрид во моментов не е во можност да го плати во целост трансферот на Нејмар, ПСЖ бара 300 милиони евра, а во исто време преговара за нов договор со Бразилецот. Тука секако важна е одлуката на Барселона која не се откажува од можноста да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Планот на Перез е да понуди повеќе играчи за размена плус пари за Реал Мадрид во следната сезона во нападот да ги има Нејмар и Азар.