Шпански Ел Конфиденсијал објави низа тајно снимени разговори во кои зборувајќи многу лоши работи за своите играчи, тренери и медиумите се слуша претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

На една од снимките говори за Луис Фиго. Октако во 2006-та година прејде во Интер, Перез го нарече Фиго кривец за крај на една ера на Галактикосите.

„Фиго е тој кој го уништи тимот. Најдобар беше Зидан нема дилеми. Фиго беше кучкин син, баш како и Раул. Тие двајца беа најлоши за тимот“– говори во снимките Перез.

Фиго за ова се огласи по мечот меѓу легендите на Реал Мадрид и Барселона во Тел Авив.

„Мислам дека во приватен разговор може да имате изрази кои се извадени надвор од контекст. Имав прилика да разговарам со Перез и тој ми се извини. Тоа е готова работа“– изјави Фиго.