На А1 Македонија им ги понудивме истите услови како и на другите оператори, но тие одбија да го реемитуваат нашиот регионален спортски канал, ние немаме никаква вина што гледачите на овој македонски оператор нема да не следат, се вели во соопштението на Спортклуб.

Програмата на телевизија Спорт Клуб од 1. март не се емитува за корисниците на операторот А1 во Македонија бидејќи таа компанија одлучи да не го продолжи договорот за дистрибуција на каналите со компанијата Јунајтед Медиа“, соопшти спортскиот канал.

Спортклуб потврди дека на другите оператори ќе биде емитувана нивната програма, се чудат зошто А1 Македонија не сакал да го продолжи договорот под услови како и претходно.

Ова значи дека љубителите на спортот на А1 Македонија нема да ги гледаат Премиер лигата, квалификациите за ЕУРО во фудбал, ЕУРО 2021, од следната сезона и Бундеслигата, Евролигата во кошарка и многу други настани.