По победата на домашен терен од 2:0, фудбалерите на Динамо Загреб вечерва во Норвешка имаат реална шанса за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА.

Познати се почетните состави на двата тима за денешниот возвратен натпревар од последното коло од квалификациите за пласман во групната фаза од елитата.

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми очекувано е во почетниот состав на екипата од Хрватска каде поради повреда недостигаат Андриќ и Мохарами.